Официјално: Јувентус се засили со Костиќ (ФОТО)

Поранешниот италијански шампион Јувентус денеска потврди дека нивно најново засилување е српскиот репрезентативец Филип Костиќ, кој доаѓа од бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт.

Костиќ вчера успешно ги помина медицинските прегледи, по што потпиша договор до 2024 година.

Јувентус за услугите на Костиќ платил „само“ 12 милиони евра и се очекува од српскиот фудбалер да биде големо засилување за екипата.

Костиќ има 29 години, а претходно во кариерата играше за Раднички, Гронинген, Штутгарт, Хамбург и Франкфурт.