Обемејанг мина низ пекол поради маларијата: Лековите не ми помагаа...

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обемејанг се врати на теренот на крајот на минатиот месец откако мина низ тежок период во неговиот живот.

Обемејанг пропушти четири натпревари на „топчиите“ минатиот месец затоа што се зарази со маларија додека беше на репрезентативниот собир во Габон.

Фудбалерот по враќањето во Лондон се чувствувал многу лошо, по што ги контактирал докторите, кои му соопштиле дека мора да го однесат во болница.

„Се чувствував лошо, многу лошо. Тоа ми беше најлошиот момент во мојот живот затоа што ми беше тешко. Три дена по ред имав проблеми по цел ден. Лековите не ми помогнаа. Потоа бев кај докторите и морав да одам во болница. Патував во Африка и знаев дека тоа има некаква врска. Останав три дена во болница и мислам дека загубив четири килограми. Тоа беше лош момент“, вели Обемејанг.