Обамејанг не го потпишува договорот со Арсенал, бидејќи чека понуда од друг гигант

Арсенал на сите начини се обидува да го убеди Пјер-Емерик Обамејнг да го продолжи договорот и веќе испрати понуда до фудбалерот.

Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2021 година, па затоа на „топчиите“ им се брза голгетерот да парафира. Сепак, шпанските медиуми тврдат дека Габонецот одолговлекува, бидејќи чека понуда од Барселона.

Според весникот „Диарио Спорт“, челниците на Барселона веруваат дека Обамејанг може да биде идеално засилување во нападот, доколку пропаднат преговорите со Интер за Лаутаро Мартинез.

Реалноста е дека фудбалерот на Арсенал би ја чинел Барселона многу помалку од они 111 милиони евра, што Интер ги бара за Мартинез. Втората добра страна е тоа што Обамејанг е искусен и докажан голгетер и во Борусија Дортмунд и во Арсенал.

Обамејанг пристигна во Арсенал во јануари 2018 година и досега има постигнато 66 голови на 106 натпревари.