Обамејанг му се потсмеваше на противникот, па казната дојде неколку секунди подоцна (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал во иста недела ги победија двете најдобри англиски екипи Ливерпул и Манчестер сити, но потоа загубија од Астон Вила, тим кој грчевито се бори за опстанок во Премиер лигата.

Голот за одлука падна во 27. минута по корнер за Вила кога гостите лошо го бранеа прекинот, особено капитенот Пјер-Емерик Обамејанг.

Имено, Обамејанг беше задолжен за чување на Тајрон Мингс, а камерите го уловија напаѓачот на Габон како му се потсмева пред очи на својот противник, кој го искористи несериозниот пристап, беше еден од креаторите за водството на тимот од Бирмингем.

Имено, Мингс ја потфати топката со глава, која на крајот заврши во нозете на Трезеге, кој потоа со силен и прецизен удар го совлада Емилијано Мартизен.

Несериозен пристап, како и недостаток на почит кон противникот, скапо го чинеше Обамејанг, кој заработува 200.000 евра неделно во Арсенал.