Новото засилување на Дортмунд: ПСЖ сакаше да играм за кикирики

Белгискиот репрезентативен бек, Томас Муние, остро удри по својот веќе поранешен клуб ПСЖ. Тој се пресели во Дортмунд ова лето без паричен надомест на штета, а сега јавно го повика спортскиот директор на ПСЖ – Леонардо.

Договорот на Муние со ПСЖ истече во јуни и веднаш беше објавено каде ќе ја продолжи кариерата. Борусија му дозволи да ја доигра завршницата со парижани во Лигата на шампиони, но Белгиецот тоа го посакуваше.

ПСЖ стапи во контакт со Борусија, но тие не сакаа да платат ништо, што е, секако, сосема невозможно. Со оглед на тоа дека јас веќе сум играч на Борусија, тие мораа да платат барем за осигурување и заем. Да бидам јасен, Леонардо никогаш не се обиде да постигне договор со Борусија, а камоли со мене. Тој сакаше да играм скоро бесплатно, за кикирики, откри Муние.

По оваа изјава на Муние, од ПСЖ експресно одговорија велејќи дека му бил понуден пристоен договор, кој не бил прифатен од Белгиецот.