Новиот менаџер на Арсенал доаѓа од редовите на Манчестер сити (ФОТО)
Микаел Артета е главен фаворит да биде нов менаџер на Арсенал иако се споменуваа имињата на Патрик Вијера и Карло Анчелоти. Артета моментално е помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити, но голем дел од својата фудбалска кариера ја мина во редовите на „топчиите“, а своевремено беше и капитен.
Синоќа англиските медиуми синоќа го уловија директорот на Арсенал, Винаи Венкатешам како излегува од куќата на Артета. Наводно, двајцата разговарале за можноста Артета да го преземе лондонскиот премиерлигаш во најскоро можно време.



Вчера Манчестер сити го демолираше Арсенал со 3-0 сред Лондон во Премиерлигата.