Приказната за косата Кукуреља е многу емотивна - никогаш не ја крати поради неговиот син!

Долгата коса со години е препознатлив знак на шпанскиот фудбалер Марк Кукуреља и многумина веруваа дека станува збор за моден стил или суеверие, но зад неговиот препознатлив изглед се крие длабоко емотивна семејна приказна.

Членот на светските шампиони и еден од најдобрите леви бекови на денешницата со години не ја скратува косата, а за време на натпреварите никогаш не ја врзува, без разлика на временските услови или важноста на мечот.

Причината нема никаква врска со фудбалот, туку со неговиот најстар син Матео, кому му е дијагностициран аутизам. Имено, Кукуреља секогаш ја носи пуштена за Матео полесно да може да го препознае на теренот.

Поради аутизмот, неговиот син потешко ги препознава луѓето, па токму препознатливата фризура му помага веднаш да го забележи својот татко меѓу 22-та фудбалери на теренот.

Кукуреља и неговата долгогодишна партнерка Клаудија Родригез и претходно отворено зборуваа за предизвиците со кои се соочиле по дијагнозата на нивниот син. Тие признаа дека со месеци барале одговори и минувале низ исклучително тежок период, но истакнаа дека токму Матео ги научил поинаку да гледаат на животот и да ги ценат малите, секојдневни моменти.