Новиот фудбалер на Реал (М) има 18 години и веќе е ѕвезда! (ВИДЕО)

За фудбалерите на Реал Мадрид летниот одмор заврши. Лука Модриќ, Серхио Рамос, Карим Бензема и останатите веќе ги стартуваа подготовките за претстојната сезона, откако сите заедно моментно се на турнеја во САД.

„Кралскиот“ клуб две недели ќе тренира во Монтреал, каде ќе одигра неколку пријателски натпревари, се со цел што подобро да се подготви за новата сезона од која очекувањата се големи.

Зидан на подготовките зема со себе неколку млади фудбалери, но од нив ретко кој ќе добие некој можност за настап во првиот тим, особено по големите трансфери кои ги направи Реал (М) изминативе неколку недели.

Меѓу новите играчи е и 18-годишниот Јапонец Такефусо Кубо, фудбалер кому му предвидуваат одлична кариера. Кубо е голема ѕвезда во Јапонија, а тоа го докажа и големиот интерес за него од страна на медиумите. Во САД за него дојдоа дури 15 јапонски новинари, далеку повеќе од шпанските (четири).

Кубо кариерата во Мадрид најверојатно ќе ја започне во вториот тим на Реал, но доколку се покаже на подготовките, не е исклучена можноста Зинедин Зидан да го приклучи во првиот тим. Инаку, во редовите на шпанскиот гигант ова лето пристигнаа Едер Милитао, Менди, Еден Азар, Лука Јовиќ...