Нови детали: Икарди ја загубил капитенската лента поради негов соиграч!?

Италијанскиот новинар Франко Ордине вели дека Мауро Икарди останал без капитенската лента поради караница со неговиот соиграч Иван Перишиќ.

Сопругата на Икарди, Ванда Нара неодамна коментираше во една емисија дека хрватскиот фудбалер има лични проблеми и дека тоа е причината зошто сака да го напушти Интер.

„Преговарам со Марота за нов договор на Икарди и можам да ви кажам дека ми се допаѓа како човек. Тој е господин и искрена личност. Сите слушнавме дека така ја коментираше и желбата на Перишиќ за заминување. Сака да му помогне, но мора да мисли и на Интер. Не знам, можеби Иван има лични проблеми“, кажа Ванда.

Перишиќ тоа го налутило, па почнал караница со Икарди во соблекувалната.

„Твојата жена повеќе не смее да зборува за мене на телевизија, дали ти е јасно?“, викал Перишиќ во соблекувалната.