Нов шок за Икарди: Исфрлен од тимот на Интер

Мауро Икарди пред неколку часа ја загуби капитенската лента, откако италијанскиот тим објави дека нов капитен на Интер ќе биде Самир Хандановиќ. Потоа излезе нова информација дека напаѓачот нема да биде во ростерот на фудбалери кој ќе се спротистават на Рапид Виена во Лигата на Европа.

Оваа одлука на раководството на Интер покажува дека релацијата помеѓу Интер и Икарди е на најниско можно ниво, па така во наредниот период нема да биде изненадување доколку Аргентинецот се договори со некој европски гигант. 

Според последните информации откриена е и причината поради која Икарди го загубил капитенскиот статус. Имено, неговата девојка Ванда Нара коментираше во медиумите дека на Икарди му е потребна помош за да може да постигнува голови. Претходно, Џузепе Марота предупредил дека не сака таа да дава изјави по медиумите, но откако договорот се прекшил, било одлучено да дојде до промена на капитенот.