Нов шок во Барселона: Агуеро сака да си оди, а само што дојде?!

Сѐ уште не стивна шокот што во Барселона го доживеаа со Лионел Меси, нов е во најава, откако новинари од Шпанија објавија дека тазе засилувањето Серхио Агуеро сака да си оди, а само што дојде во Каталонија како летно засилување и тоа бесплатно.

Агуеро дојде во Барса поради Меси, но откако неговиот кум си замина откако Барселона не успеа да го регистрира сега е разочаран и бесен, па како што објавуваат некои медиуми веќе го ангажирал својот адвокатски тим да ги разгледаат опциите дали е можно да се раскине договорот.

Според одредени информации, кои не се потврдени засега, на Агуеро во договорот со Барса му било ветено дека ќе игра со Меси, па врз база на тоа тој сега може да бара раскин на истиот, што би било нов удар за каталонската гордост која се наоѓа во исклучително тешка состојба поради огромниот долг од преку една милијарда евра.

Агуеро е поранешен фудбалер на Атлетико Мадрид, по што цела деценија беше дел од Манчестер сити и влезе во клупската историја како најдобар стрелец, а летово како слободен фудбалер потпиша за Барса.