Њукасл ја најде замената за Бенитез во селекторот на Белгија
Сопстевеникот на „црно-белите“ Мајк Ешли смета дека идеално решение за клупата на неговиот тим е Роберто Мартинез. Шпанскиот стратег има искуство од Премиерлигата, бидејќи ги водеше Виган, Свонси и Евертон. Од 2016 година е селектор на Белгија.
Мартинез засега е приоритет број 1 за Њукасл, но во игра се и Патрик Вијера, Стивен Џерард и Микел Артета.