Њукасл излезе како победник по голеадата во Нотингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Њукасл вечерва беа подобри од Нотингем Форест со 3-2 во 24. коло од англиската Премиерлига и останаа во трката за позициите кои водат во европските купови следната сезона.

Дури четири погодоци беа постигнати во првото полувреме во Нотингем, откако за гостите стрелаа Бруно Гимараеш и Шар, додека за домаќините во листата на стрелци се запишаа Еланга и Хадсон-Одои.

Голот за победа на Њукасл го постигна Гимараеш во 66. минута, а Нотингем потоа тргна во целосна офанзива, но не успеа да се спаси од трет пораз во последните четири меча во Премиерлигата.

Њукасл се наоѓа на седмата позиција во лигата со 36 бодови, додека Нотингем остана на 16. место со 21 бод.