
Њукасл го победи Ливерпул и го освои првиот „голем“ трофеј по 70 години (ВИДЕО)
Тоа е прва „голема“ титула за овој клуб по дури 70 години. Њукасл е четирикратен шампион на Англија, но последниот трофеј го освои во 1927 година, додека во ФА Купот има шест пехари од кои последниот освоен во 1955 година.
Поради сето тоа, Њукасл влезе како аутсајдер во финалето на Вембли, но си замина како голем победник. Ден Бурн го отвори резултатот во 45. минута откако највисоко скокна по еден корнер и со глава ја заби топката во мрежата. На стартот од второто полувреме Александер Исак ја затресе мрежата, но неговиот гол беше поништен по прегледувањето во ВАР собата. Сепак, Швеѓанецот си ја доби наградата минута подоцна кога немаше сомнеж за неговиот погодок и 2-0 за „црно-белите“.
Дури во четвртата минута од судиското продолжение Ливерпул успеа да го намали резултатот, па и покрај тоа што судијата даде дополнителни 12 минути, не дојде до израмнување.
Ова е втор гоолем неуспех за Ливерпул оваа недела откако во вторникот доживеа елиминација од Лигата на шампионите по поразот од ПСЖ на пенали.