Ништо од Премиерлига, Рабио се врати во француското првенство

Адриен Рабио целеше кон потпис со некој од најголемите клубови, на крајот се договори со Олимпик Марсеј.

Францускиот клуб потврди дека постигнале договор за потпис со Рабио, договорот е со трајност до јуни 2026 година.

Рабио треба да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот, по што и официјално ќе стане играч на Марсеј.

Тој беше слободен играч откако му заврши договорот со Јувентус. Се поврзуваше со повеќе клубови, но неговата мајка-агент бараше суми кои не беа прифатливи за ниту еден клуб. На крајот Рабио заврши во Марсеј и тоа како што се шпекулира со значително помала плата од онаа која сакаа да ја изнудат.

Ова за Рабио е враќање во француската лига, тој потекнува од тимот на ПСЖ за кој играше долго време.