
Николов и Муслиу заиграа за Мол Фехевар во ремито во унгарскиот Куп
Мол Фехевар го имаше водството на мечот уште од 12. минута, кога стрелец на водечкиот погодок беше Мате Патакаи, но во 80. минута домаќинот успеа да ги постави конечните 1-1.
На денешниот меч како стартер настапи Висар Муслиу, додека Бобан Николов доби шанса од клупата и влезе во игра во 77. минута од натпреварот.