Незапирливиот Сити на чекор до запише четири неверојатни рекорди во Премиерлигата

Манчестер сити од вчера и официјално е нов англиски шампион, откако главниот конкурент и градски ривал Манчестер јунајтед загуби од ВБА со што „граѓаните“ го израмнија рекордот за најран првак, кој го држеа „црвените ѓаволи“ од 2001 година.

Сити на убедлив начин со само два порази на пет кола до крајот стигна до титулата и со тоа се израмни со градскиот ривал Јунајтед, кој на 14 април 2001 година постави рекорд за најран шампион во Премиерлигата. Но, четата на Пеп Гвардиола на пет кола до крајот има шанса да запише четири неверојатни рекорди со кои ќе ги надмине сите во англиската елита.

Засега најлесно достижен е рекордот на Челси од 30 победи во сезона. Сити досега има 28, па им требаат три за да ги надминат „сините“ или најмалку два за да се израмнат со нив.

Сити лови уште два рекорди на лондонскиот гигант од 2010 година. Првиот е по број на голови. Челси пред осум години даде 103 гола во сезоната, а Сити моментно има 93. Втор рекорд е убедливата гол-разлика. „Сините“ сезоната ја завршија со 71 гол во позитива, а „граѓаните“ досега имаат плус 68.

И за крај најголемиот рекорд, кој сезона никој не успеал да го оствари е – 100 бода во сезона. На Манчестер сити му се потребни 13 бода од вкупно 15-те кои преостанаа да се освојат во овие последни пет рунди во Премиерлигата.