Борусија Дормтунд вчера против Фортуна Дизелдорф настапи со специјална гарнитура на дресови кои ја симболизираат 110-годишнината од формирањето на клубот. 

Популарните „милионерите“ славеа убедлива победа од 5-0, но повеќе внимание привлече прекрасниот црн дрес. Она што е уште поинтересно е фактот дека овој дрес вчера беше пуштен во продажба во лиминирана количина во клупската продавница и комплетно беше распродаден за само три часа.

Црниот дрес на Борусија симболизира јаглен и железо, бидејќи регионот во кој се наоѓа градот Дортмунд е познат по рудниците и голем дел од луѓето во Северна Рајна-Вестфалија се занимаваат со рударство.