Нетрпеливоста продолжува: На роденден кај Силва биле сите од ПСЖ освен – Кавани!
Бразилецот Тиаго Силва, вчера го прославил својот роденден во друштво на сите колеги од таборот на ПСЖ освен Кавани, поради што веднаш почнаа шпекулациите дека причина за тоа е неговата кавга со сонародникот на славеникот, Нејмар.
Засега нема точна информација зошто Уругваецот не бил на забавата на својот клупски колега и дали тоа е поврзано со неговата пресметка со новото засилување од Барселона. Но, впечатливо е што Кавани објавил фотографија од идилична ливада со животни каде што се наоѓал во исто додека траела роденденската забава на Силва.