Несторовски погоди против Јувентус: Ќе го спречи ли лидерот да слави титула? (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски погоди против Јувентус и му донесе израмнување на Удинезе (1-1) на стартот на второто полувреме.

Јувентус доколку победи вечерва во Удине и математички ќе ја обезбеди деветата шампионска титула по ред во Серија А. За нашиот репрезентативец ова е трет сезонски гол.