Несторовски погоди за победа против Фиорентина (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски денеска доби ретка шанса во првиот тим на Удинезе и веднаш му врати со погодок на тренерот Лука Готи. 

Голгетерот погоди со глава во 86-тата минута против Фиорентина. Тоа се покажа како победнички погодок, па тимот од „Фриули“ дојде до големи три бода. 

За Несторовски ова е втор сезонски погодок во Серија А за Удинезе и прв по оној против Торино во декември минатата година.