Нема повеќе дилеми: Девојката на Де Лихт почна да бара куќа и ја откри иднината на фудбалерот!?

Барселона и Манчестер јунајтед водеа голема трка за Матијас де Лихт, но очигледно младиот дефанзивец нема да се пресели ниту во Англија, ниту во Шпанија.

Според последните информации, Де Лихт ќе се пресели во ПСЖ, кој му ветил огромна плата, а дека нешто се „крчка“ откри и девојката на младиот фудбалер, која почна да бара куќа во Париз.

Во потрагата на нов дом помага и мајката на Де Лихт, па тие две посетиле неколку луксузни домови во француската престолнина.

Засега нема официјална потврда за трансферот, но наскоро се очекува истиот да биде комплетиран.