Нема крај на драмата во Буенос Аирес: Бока не сака да игра во Суперкласико!

КОНМЕБОЛ денеска ќе има состанок за конечно да се договори кога и каде ќе се игра реваншот од финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс.

По 2-2 во првиот дуел, реваншот требаше да се игра во саботата, но инцидентите пред стадионот „Монументал“ го одложија големиот спектакл неколку пати.

Како можни кандидати за домаќин на Суперкласико се споменуваат неколку градови, од кои Асунсион во Парагвај е фаворит, а на состанокот присуствува и претседателот на Бока, Даниел Ангеличи.

„Овде сум да слушам. Не сакам ништо да се договорам“, кажа Ангеличи.

Бока се спротиставува на секоја одлука, која е различна од доделување на победата на нив во овој дуел, но такво нешто е премногу тешко да се случи.