Нејмар им испратил порака на сонародниците од Реал: Бегајте од Мбапе, ужасен човек е

Нејмар и Килијан Мбапе беа соиграчи во ПСЖ долго време и уште тогаш се зборуваше дека се во лоши односи, но сега стигна и потврда за тоа.

Францускиот новинар Сирил Хануни објави дека Нејмар им испратил порака на своите сонародници од Реал Мадрид: Родриго, Винисиус и Едер Милитао со предупредување да се држат подалеку од Мбапе затоа што е лош човек.

„Бразилците во Реал се пријатели со Нејмар и тој им порачал дека Мбапе е катастрофа, ужасен човек“, наводно им рекол Нејмар на соиграчите од репрезентацијата.

Засега не е познато како тие реагирале на предупредувањата од фудбалерот на Ал Хилал, но Винисиус на претходните два меча му отстапи два пенала на Мбапе иако според распоредот тој требаше да ги шутира.