„Не знам дали ќе продолжам во Барселона и следната сезона“

Во редовите на Барселона има многу неизвесност, бидејќи голем дел од фудбалерите ќе бидат ставени на трансфер-листа. 

Еден од првите фудбалери кои би требало да го напуштат „Ноу Камп“, всушност е најскапиот во историјата на клубот. Филипе Кутињо и самиот изјави дека неговата иднина во Барселона е неизвесна.

„Не знам дали ќе продолжам да играм во Барселона. Никој не знае што ќе се случи во иднина, но сега единствено сум фокусиран само на игрите за мојот национален тим на Копа Америка“, изјави Бразилецот.

Пред 18 месеци Кутињо ја засили Барселона од Ливерпул за 160 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Тој се споменува како еден од фудбалерите, кои би можеле да бидат испратени во ПСЖ во трансферот на Нејмар назад во Барселона.