„Не сум сигурен дека Меси ќе остане во Барселона“

Лионел Меси сè уште го нема продолжено договорот со Барселона, што остава простор за многу шпекулации за неговата иднина.

Сега неговиот соиграч Иван Ракитиќ искоментира за ситуацијата на Аргентинецот во Барселона, па дури и тој не е сигурен дека ќе остане во клубот.

„Не можам да кажам 100 отсто дека Меси ќе остане или нема да остане“, изјави Ракитиќ. „Тоа е негова одлука и морате да ја почитувате. Јас единствено можам да кажам дека го гледам исто како и секогаш. Не сум зборувал со него за тоа, но сум уверен дека ќе остане. Лео е дел од грбот на клубот. Тој не е само важен играч за клубот, тој е многу повеќе од тоа, ако ја гледаме неговата кариера во Барселона“, вели Хрватот.

Ракитиќ и сите фудбалери на Барселона сакаат Меси да остане во клубот и дека се оптимисти дека фудбалерот ќе ја заврши кариерата на „Камп Ноу“.

„Знаеме дека навивачите сакаат да видат фотографија од потписот на договорот и јас го сакам тоа. Сакам да играм со Лео утре, во следните три години, пет години. Како соиграчи на Меси сакаме да кажеме дека го сакаме тука со нас“, заврши фудбалерот од средниот ред на Барселона.

Овој „твит“ јасно покажува што и колку значи Меси за Барселона.