
Не се сите како Жоан Гарсија: Подобро да ме лансираат на Јупитер, отколку да бранам за Барса
Тој дојде од Леганес како слободен играч и со оглед на неговото искуство, веројатно ќе биде прв избор на голот на клубот од Каталонија. Во Еспањол се уште се свежи раните што ги остави Гарсија со трансферот во Барселона, а за тоа зборува и неговата замена од минатата сезона Анхел Фортуно кој остана во екипата и ќе се бори за место на голот.
„Жоан одлучи да се пресели во Барселона и јас го почитувам тоа. Ние знаевме дека тој е врвен голман и дека нема долго да остане тука, но малку сме изненадени и разочарани што ќе го гледаме во нашиот најголем ривал. Јас му посакувам многу среќа нему, но не и на неговиот клуб бидејќи Барселона за нас е крвен непријател. Јас од дете сум навивач на Еспањол и никогаш не би прифатил таков трансфер. Повеќе би сакал да ме лансираат на Јупитер, отколку да го носам дресот на Барселона“, изјави Фортуно.
Гарсија беше првиот фудбалер на Еспањол што се преселил во Барселона по повеќе од три децении.