Ндомбеле го засилува средниот ред на Наполи

Французинот Тангеј Ндомбеле, фудбалерот на Тотнем е многу близу да го засили италијански Наполи и да му стане соиграч на Елиф Елмас за новата сезона, објавија италијански и англиски новинари.

Ндомбеле е еден од шестмината отпишани на „Вајт Харт Лејн“, на кого Антонио Конте не смета, па сега Наполи тргна во акција за да го ангажира и последните информации се дека е многу близу Французинот да се пресели под Везув. Ндомбеле би дошол на едногодишен заем, а допрва би се решавало дали со или без првао на откуп.

Засега за конечен договор останува Наполи и Тотнем да се договорат околу платата на Франзуцинот и со колкав процент лондончани би учествувале во истата. Во следниве денови засилената комуникација на спортските директори Џунтоли (Наполи) и Паратичи (Тотнем) треба да донесат конечно решение за фудбалерот за врска.

Ндомбеле во пролетниот дел играше на заем во Лион, а од овој клуб дојде во Тотнем во летото 2019 година за 60 милиони евра.