Навивачите воодушевени: Синот на Руни наскоро може да дебитира и за првиот тим на Јунајтед!
Каи Руни важи за еден од најголемите таленти во Манчестер јунајтед, а наскоро би можеле да го гледаме и во сениорскиот фудбал. Раководството на клубот според информациите од Островот му понудил договор вреден околу 60.000 евра.
За тинејџер кој настапува во академијата, а не во сениорскиот тим, ова претставува голем договор и максимална можна стипендија за неговата возраст. Нов договор му бил понуден и на Џејси Керик, синот на Мајкл Керик, кој моментално е привремен менаџер на првиот тим.
Помладиот Руни се очекува да го потпише новиот договор во текот на летото, по завршувањето на обврските во средното училиште, а потоа во следната сезона да го чека и својот деби-настап за сениорскиот тим на Манчестер јунајтед.
Инаку, понудата од 60.000 евра што пристигна на адресата на Каи Руни е највисоката можна стипендија за фудбалери до 16 години, со што Јунајтед јасно покажа колку високо го цени талентот на младиот напаѓач.