Футсал репрезентација ќе одигра два дуели со Австрија, Хисејини го објави списокот

Футсал репрезентацијата на Македонија ќе одигра два контролни натпревари против Австрија во Гевгелија, а селекторот Газменд Хисејини денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета за овие дуели.

Хисејини се одлучи да повика 16 фудбалери, а со овие два натпревари селекцијата ќе ги почне подготовките за настапот во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Двата натпревари се играат во термин од 18:00 часот на 10 и 11 февруари во „СЦ 26 април“. Во квалификациите за СП Македонија ќе игра во групата „Ц“ каде што се уште Турција, Бугарија и Литванија која ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од 6 до 16 април.

Антонио Петровски – КМФ Проект

Иван Стојановски- КМФ Кеги Моби

Бојан Јанев – КМФ Проект

Таулан Исмаили- КМФ Балкан

Марио Благојевски- КМФ Проект

Никола Анчевски- КМФ Проект

Јасир Зекири- КМФ Форца

Игор Леовски-Луценец Словачка

Тони Киревски- Олмиссум Хрватска

Јакуп Рамадани – Дреница Косово

Берат Рамадани

Иван Крстевски- КМФ Форца

Садат Зибери- ATLETICO CONEGLIANO C5 -Италија

Самир Вејсели- ATLETICO CONEGLIANO C5 -Италија

Ѓорги Коцевски – КМФ Проект

Ангел Гаштев- КМГ Кеги Моби