Извлечени двојките за Копа дел Реј, Барса го доби најтешкиот можен противник

Во Шпанија денеска беа извлечени двојките од полуфиналето во Копа дел Реј, каде што за трофејот останаа да се борат: Барселона, Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао и Реал Сосиедад.

Барселона која ќе го брани трофејот за противник го доби Атлетико Мадрид со кого играа и во полуфиналето минатата година, тогаш првиот дуел заврши без победник 4-4, а вториот со 1-0 за каталонскиот гигант.

Во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Атлетик Билбао и Реал Сосиседад.

Ќе потсетиме, Реал не е во игра за трофејот откако во осминафиналето беше елиминиран од Албасете.