Нов малер за Реал: За Местаља отпаѓа и Родриго
За Валенсија нема да патуваат Белингам поради повреда и Винисиус поради жолти картони, а од конкуренција отпадна и вториот Бразилец во нападот Родриго. Тој не тренираше со остатокот од тимот утрово и нема да биде достапен за Арбелоа за натпреварот во недела на Местаља. Играчот има замор на мускулите и ќе паузира до идниот викенд бидејќи поради црвен картон нема право на настап ни на дуелот против Бенфика во Лигата на шампионите.
Со оглед на тројцата отсутни во нападот, се чини веројатно дека Брахим и Мастантуоно ќе му бидат партнери на Мбапе.
Родриго се бори да ја врати формата што ја покажуваше претходните сезони. Тој падна во криза кон крајот на минатата сезона под водство на Анчелоти, со доаѓањето на Чаби Алонсо доби нешто поголема минутажа, но сè уште не успеа да обезбеди место во стартната постава.