Голем проблем за Флик: Рафиња уште не тренира

Еден од најдобрите играчи на Барселона, Рафиња ќе го пропушти и утрешниот натпревар на својот тим против Мајорка поради повреда.

Бразилецот не тренираше ни денеска и секако ќе добие поштеда и покрај тоа што Флик во текот на оваа недела објави дека не бил во комбинација за дуелот со Албасете поради претпазливост. Засега е неизвесно кога Рафиња би се вратил во игра и дали ќе биде во комбинација за дуелот против Атлетико Мадрид во Копа дел Реј идната недела.

Покрај него, Ханси Флик не може да смета ни на Педри, Гави и Кристенсен, па екипата ќе се покрива со фудбалери од вториот тим.