Maроко на четири месеци пред почетокот на СП остана без селектор

Репрезентацијата на Мароко останала без селектор откако оставка од позицијата си поднел Валид Реграги.

Заминувањето на Реграги од селекторското место во Мароко доаѓа по поразот на оваа репрезентација во финалето на Африканскиот Куп на Нации по продолженија од Сенегал.

Мароко на турнирот беше домаќин, а трофеј на овој турнир чекаше 50 години, па поразот беше тежок удар за целата земја, а ќе потсетиме, Брахим Дијаз во финишот од регуларниот дел не реализираше пенал.

Сега, Мароко на четири месеци пред почетокот на Светското првенство ќе мора да бара нов предводник.