Баскет-маратон без одбрани: ТФТ и Чаир играа 140 минути и постигнаа – 200 поени!
Тоа беше натпревар без одбрани, а домашниот тим на пауза замина со минимална предност од 59-55. И во продолжението се играше во висок ритам, но ТФТ беше екипата што постепено ја презеде контролата. Клучниот момент се случи во последната четвртина, кога чаирчани целосно потфрлија, а ТФТ со серија поени направи решавачка разлика и стигна до триумф со НБА-резултат.
Прво име на натпреварот беше Џастин Гордон со 25 поени со 6/8 за тројки за ТФТ, додека кај гостите Кајл Стардивант заврши со 24 поени. Со овие бодови, тимот на Боро Смилковски се врати на лидерската позиција, пред МЗТ Скопје. Средбата траеше речиси два ипол часа поради многуте „ВАР ситуации“, но пред се поради неколкуте проблеми со семафорот во, за жал, најкошаркарската арена во моментов во Скопје, малата сала во ООУ „Наум Наумовски-Борче“ во која играат дури три прволигашки екипи.