Петровиќ по само два месеци го напушти Гостивар – токму пред дуелот со „својот“ МЗТ!

Екипата на Гостивар остана без тренер откако клубот и досегашниот шеф на стручниот штаб Александар Петровиќ спогодбено ја прекинаа соработката, токму пред утрешното гостување кај „неговиот“ МЗТ Скопје, каде што работеше во неколку наврати.

Искусниот стратег го презеде тимот кон крајот на ноември, наследувајќи го Љупчо Малинков, а дебитираше со сензационална победа над Пелистер на домашен терен. Гостиварци по тој триумф одиграа уште седум натпревари и забележа дури шест порази, што го турна тимот на претпоследната позиција на табелата со скор 3-11. Токму лошата серија беше клучна за одлуката за разделба.

Петровиќ, неофицијално, привремено ќе ја напушти македонската кошарка и ќе се пресели во Ниш, каде што треба да го преземе српскиот прволигаш Константин. Во меѓувреме, Гостивар на утрешниот натпревар против МЗТ Скопје. Клубот е во активна потрага по нов тренер, а како можна опција се споменува и поранешниот селектор на македонската репрезентација, Марјан Србиновски.