Пикси пред нов ангажман - ќе води клуб на неочекувана дестинација?

Поранешниот селектор на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси наскоро би можел да се врати на тренерската работа и тоа на дестинација каде што никој не очекува.

Имено, според последните информации Пикси влегол во завршни преговори со тимот на Есперанс од Мексико и многу брзо договорот би можел да биде постигнат.

На клупата екс-селекторот на српската репрезентација би го наследил Махер Канзари кој го водеше тимот од март минатата година. Инаку, Есперанс по 18 кола е втор во првенството со натпревар помалку и бод помалку од лидерот Клуб Африка.

Информациите засега велат дека Пикси е подготвен да го преземе тимот, меѓутоа засега не е јасно дали Есперанс сака да прави промена во овој момент кога се во борба за титулата или пак ќе почекаат сезоната да заврши.