Навивачите во Барселона скандираа: Винисиус умри! (ВИДЕО)

Барселона го презеде приматот во шпанскиот фудбал, а со оглед на доминацијата во женска конкуренција, навивачите во најголемиот каталонски град синоќа приредија општа фиеста, славејќи ги и машката и женската титула. И двете екипи продефилираа во отворени автобуси, носејќи ги пехарите и славејќи со публиката, арно ама еден друг момент остана најдолго на социјалните мрежи.

Едно време се слушаше како фановите синхронизирани скандираат „Винисиус умри!“. Очигледно бразилскиот напаѓач, иако има само 22 години, веќе станал толку омразен и голем ривал на Каталонците, што заслужи да биде скандиран на прослава на туѓ клуб.

Toj има одиграно вкупно 14 меча против Барса и постигнал три гола, но можеби ги налути противничките фанови сезонава, кога во реваншот од полуфиналето во Копа дел реј, постигна еден гол и направи две асистенции за победта на Реал со 4-0 на „Камп ноу“.