Навивачите не можат да поверуваат: Роналдо сака да соработува со Мурињо!?

Италијанските медиуми пишуваат дека Кристијано Роналдо покажал желба да соработува со Жозе Мурињо во Јувентус.

„Газета дело Спорт“ објави дека еден од најдобрите фудбалери во светот го прашал својот сонародник да дојде во Торино, а потоа се огласи и Мурињо.

„Еден од фудбалерите со кои имам одличен однос ми кажа дека треба да го преземам тимот, кадешто игра тој. Јас му одговорив дека таму не ме сакаат, но тој кажа дека тоа брзо ќе се заборави“, вели Мурињо, но не откри за која екипа станува збор.

Да потсетиме, Мурињо е без ангажман, откако во декември доби отказ од Манчестер јунајтед.