Навивачите на Интер со порака до Икарди: Замини си, предавнику!

Мауро Икарди го пропушти и денешниот меч на Интер против Сампдорија (2-1), па беше на трибините во Милано, а навивачите му се ептен лути и тие испратија жестоки пораки до него.

Икарди долго време одбива да го продолжи договорот со Интер, зашто бара повеќе пари, а неговата жена Ванда Нара, која му е менаџер го уценува клубот.

Навивачите на мечот против Сампдорија имаа јасна порака до Икарди, а таа гласеше „Замини си, предавнику“.

Аргентинецот досега има одиграно 210 натпревари за Интер, а притоа постигна 122 голови и 26 асистенции.