Навивачите на Аталанта пеат додека нивниот град ги минува најтешките моменти (ВИДЕО)

Речиси секаде низ Европа се прекинати фудбалските првенства, а причина за тоа е пандемијата на коронавирус која прави сериозни штети кај населението.

Италија е најзагрозената европска земја со коронавирус, но во последните денови од Апенините пристигнуваат вести дека ситуацијата полека се смирува иако засега не е познато кога ќе продолжи натпреварувањето во Серија А.

Сепак, моќно видео ни доаѓа Бергамо, еден од најзаразените градови во светот, на кое може да се за бележи како навивачите на тамошниот тим Аталанта пеат додека нивните сограѓани се наоѓаат во најтешките моменти во историјата.