Навивачите бараа големо засилување, а Слот им донесе анонимус во Ливерпул!

Ливерпул имаше турбулентен почеток на сезоната, па поради тоа навивачите побараа нови звучни засилувања, но тренерот Арне Слот инсистирал и успеал да ангажира анонимус.

Слот го договорил 18-годишниот фудбалер Мор Тала Ндиаје кој доаѓа од Сенегал, а наводно Слот во него гледа иден предводник во одбраната на „црвените“.

По 21 одигран меч, Ливерпул во моментов се наоѓа на четвртата позиција со 35 бодови, односно 14 помалку од лидерот Арсенал.