Навас имаше спектакуларно збогување Севиља пред полн „Санчез Писхуан“ (ВИДЕО)

Вчерашната вечер во Севиља беше посветена за најголемата легенда на овој клуб, Хесус Навас кој стави крај на кариерата, повеќе од 40.000 луѓе дојдоа да го поздрават.

Навас замина во пензија како фудбалер со најголем број одиграни натпревари во дресот на Севиља и најмногу освоени трофеи со клубот од Андалузија.

Вчера тој се збогува од навивачите со големи емоции, а клубот се потруди организацијата на настанот да биде како што заслужува Навас.