Наполитанците пресреќни за Елмас: Добредојде дијаманту! (ФОТО)

Македонскиот бисер Елиф Елмас и официјално е член на Наполи.Фенербахче синоќа го потврди трансферот, па денеска се очекува тоа да го стори и италијанскиот вицепрвак, откако младиот фудбалер ќе ги мине лекарските прегледи и ќе го потпише петгодишниот договор.

Од Истанбул, Фенербахче и навивачите му се заблагодарија на Елмас, му посакаа среќа и нови блесоци, а уште посреќни се наполитанците. Не може да не се израдуваат дека од еден куп заинтересирани гиганти, победи Аурелио Де Лаурентис и Карло Анчелоти за да го доведат големиот талент во своите редови.

„Добредојде дијаманту!“, најчесто пишуваа синоќа по полноќ наполитанските тифози, откако Фенербахче половина час претходно ја објави веста за трансферот на Елмас.

Макеедонскиот ас доаѓа за 16 милиони евра плус бонуси, ќе потпише петгодишен договор со плата од 1,5 милиони евра годишно, а најголемиот дел од новинари и аналитичари на Апенините, посочија дека Наполи направил полн погодок, зашто ангажира фудбалер со голем потенцијал, кој може да игра на многу позиции, а патем со неполни 20 години веќе има сериозно искуство од играње на врвно ниво.