Наполи почна преговори: Пристигнува талентиран фудбалер на „Сао Паоло“!?

Второпласираната екипа во италијанската Серија А, Наполи, сериозно тргна во потрага по нови засилувања, а едно од нив би можел да биде фудбалерот за врска на ЦСКА Москва, Александер Головин.

Наводно, Наполи е заинтересиран за Головин, кој наредниот месец ќе наполни 22 години, а се појавија информации дека неговиот менаџер бил во Италија минатата недела.

Младиот Русин импресионираше со своите игри во Лигата на Европа сезонава, а посебно со неговиот маестрален погодок против Арсенал.

Сепак, Италијанците ќе имаат сериозна конкуренција во трката за младиот играч, зашто за него се заинтересирани Челси и Арсенал, а се верува дека ЦСКА сака 16 милиони евра за својот фудбалер.