Наполи е подготвен да се жртвува за ѕвездата на Реал Мадрид

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, истакна дека клубот е подготвен да се жртвува во преговорите за трансфер на Хамес Родригез, но истото треба да го направи и Реал Мадрид.

Де Лаурентис уште еднаш повтори дека е подготвен да даде 45 милиони евра за Колумбиецот, а додаде дека сака да го донесе само на позајмица, со опција да го откупи неговиот договор.

Подготвени сме да се жртвуваме за Хамес, но истото мора да го направи и Реал. Сакаме да се договориме со раководството на мадридскиот клуб кој треба да одлучи дали сака несреќен играч крај себе. Читав многу приказни кои се невистинити. Не сум разговарал со Флорентино Перез (претседателот на Реал), постојат други луѓе кои се задолжени за тоа, изјави Де Лаурентис.