Наполи е очаен: Болоња со пресврт го освои „Сан Паоло“ (ВИДЕО)

Наполи веќе шест натпревари не знае за победа во Серија А. Вечерва на „Сан Паоло“ Болоња славеше со 2-1 во рамки на 14.коло

Лошите односи на фудбалерите со раководството на клубот, кое резултираше со жестоки парични казни, очигледно си го зема данокот на теренот. „Наполитанците“ се непрепознатливи и на последните шест натпревари остварија четири ремија и два порази.

Денеска Наполи повторно не блескаше, но по првото полувреме водеше со 1-0 благодарение на голот на Фернандо Љоренте во 41-та минута. Андреас Олсен погоди за 1-1 по првата шанса за Болоња на натпреварот, а победата за гостите ја донесе Никола Сансоне во 80-тата минута. Љоренте постигна втор гол за Наполи во 95-тата минута, но истиот беше поништен поради офсајд. 

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше во почетниот состав на Карло Анчелоти, но играше до 65-тата минута.