Најверните фанови на Јуве не го славеа голот на Дибала (ВИДЕО)

Паоло Дибала конечно по три месеци се запиша во листата на стрелците за својот Јуве. Аргентинецот го постигна водечкиот погодок за „бјанконерите“, но најверната публика на Јувентус доби забрана од својот предводник на трибините,  да го прослави неговиот погодок. 

Причина за бојкотот на најверните навивачи на Јуве кон Дибала е неговата постапка на натпреварот против Парма. Имено, напаѓачот откако бил заменет веднаш се упатил кон соблекувалната, без да ги отпоздрави, па затоа тие му возвратија со „бојкот“ на неговиот гол.