Најплатени фудбалери во Серија А: Роналдо пред новајлиите
Првото место, како што се очекуваше, го зазема напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој добива 31 милион евра годишно. Втор е неговиот соиграч Матиас де Лихт со осум милиони, додека Лукаку од Интер е на третата позиција со 7,5 милиони евра.
По нив следуваат петмина играчи на Јувентус: Гонзало Игуаин (7,5 милиони евра), Пауло Дибала (7,5), Адриен Рабио (7), Арон Ремзи (7) и Миралем Пјаниќ (6,5).