Најголемиот англиски талент ги мина медицинските прегледи во Дортмунд

Џуд Белингам наскоро ќе биде нов фудбалер на Борусија Дортмунд откако денеска успешно ги мина медицинските прегледи.

Се работи за голем англиски талент, кој има само 17 години. Тој воедно ќе стане најскапиот тинејџер, бидејќи бундеслигашот ќе плати 27 милиони фунти обештетување и тоа на Бирмингам.

Белингам игра во средниот ред и блескаше во Чемпионшип дивизијата. Манчестер јунајтед исто така беше заинтересиран за овој фудбалер, но Белингам ја одбра Борусија, бидејќи му гарантираше одредена минутажа и настапи.

Дортмунд има добро искуство со младите фудбалери од Англија, бидејќи пред три години го доведе Џејдон Санчо од Манчестер сити и сега неговата цена на трансфер -пазарот изнесува 100 милиони евра.